
Избор, подготовка и клучното засекување
Пред да ја вклучите рерната, важно е да изберете квалитетни плодови. Бирајте костени кои се цврсти, сјајни и тешки за својата големина. Избегнувајте ги оние со дупчиња или траги од мувла. Ако имате време, потопете ги во вода 20 до 30 минути пред печењето – ова помага полесно да се засечат и да не се исушат премногу при печењето.
-
Вонземјанин
699 ден
524.25 ден
Најважниот чекор е засекувањето. Со остар нож направете плиток рез во облик на буквата „Х“ на заоблената страна од секој костен или еден долг попречен рез низ кората. Овој рез овозможува пареата да излегува за време на печењето и спречува пукање на плодовите под притисок.
Печење и тајната на кујнската крпа
Рерната загрејте ја на температура од 200 до 220 степени. Наредете ги костените во еден слој на плех, со засечената страна нагоре, без додавање масло. Печете ги околу 20 до 30 минути, во зависност од големината на плодовите. Кога кората ќе се отвори на местото на резот, а внатрешноста ќе стане мека, костените се готови.
Доколку не сакате да користите рерна, костените може да ги испечете и во длабоко тавче со капак на средна температура (со повремено протресување) или во фритеза на топол воздух (air fryer) на 200 степени околу 15 минути.
„Штом ги извадите костените од рерната, веднаш префрлете ги во чиста кујнска крпа, завиткајте ги и оставете ги да отстојат 5 до 10 минути. Задржаната пареа ќе помогне кората многу полесно да се одвојува. Лупете ги додека се сè уште топли, бидејќи изладените костени се чистат многу потешко.“


