во ,

Те молам стави ја вечерата, денес се уморив како куче…


Директорот излегува од работа на пладне… На вилата со секретарката… Коњак. Бонбони. Заеднички туш. И после… Безумие… Жестоко… Вечерта се враќа дома. Уморен поглед. Обичен бакнеж. И молба кон сопругата:

– Те молам стави ја вечерата, денес се уморив како куче…

Жената оди во кујната. Кременадли. Пиво. Десерт. Легнуваат во спалната, свети само телевизорот.

Жената вели:

– Цел ден го чекам овој момент… Одвај дочекав да си дојдеш…


И наеднаш – СМС. Тој скокнува бос, брзо го грабнува телефонот од масата и трча во тоалетот. Се затвора внатре за да ја прочита пораката на раат:

„Те сакам! Мислиш ли на мене? Колку јако беше денес, колку чувства имаше! А тој фантастичен оргазам… Таква сласт и задоволство… Не ли е тоа Рајот?“

Тој брзо ја брише пораката. Си ја поправа пижамата, излегува и си мисли: „Мора да бидам повнимателен во иднина. Во душата ми е пролет, но не дај боже жена ми да
разбере.“

А жената со ладен поглед го чека пред вратата и налутено му вели:

– Зошто го зеде мојот телефон?

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

17 Победнички на изборот за Мис на светот, чија убавина ги освои срцата на луѓето

25 Фотографии кои покажуваат како секојдневните предмети се менуваат со текот на годините