
Тишина наместо огномет: Светските метрополи ги откажуваат прославите за 2026
Додека светот ги брои последните часови до почетокот на 2026 година, многу познати плоштади ќе останат невообичаено тивки. Париз го откажа големиот концерт на Шанзелизе поради полициска проценка за висок ризик од стампедо и немири, иако традиционалниот огномет ќе се одржи. Уште потажна е сликата во Хонг Конг, каде властите ја откажаа пиротехниката во знак на почит кон жртвите (над 160 загинати) од катастрофалниот пожар во Таи По, заменувајќи ја забавата со мирен настан.
Белград без концерт за децата, Сиднеј и Токио под клуч
-
Насмевката на музиката
699 ден
524.25 ден
И во соседството владее претпазливост – градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ, ги откажа концертите (вклучително и за српска Нова година) за да не се ризикува безбедноста на децата во гужвите. Токио го укина прочуеното одбројување во Шибуја, а плажата Бонди во Сиднеј нема да слави поради неодамнешното масовно пукање. Слични одлуки од емпатија кон настраданите од природни катастрофи донесоа и Бали и Џакарта.


