во

Трагичната животна приказна на Мишо Ковач: Четири години бев полумртов по смртта на синот

Легендарниот пејач Мишо Ковач почина на 86-годишна возраст, оставајќи зад себе блескава музичка кариера, но и трагична животна приказна обележана со смртта на неговиот син и мрачниот период во кој се обиде да си го одземе сопствениот живот.

Смртта на синот Еди – рана која никогаш не заздраве

Животот на еден од најпопуларните пејачи на просторот на поранешна Југославија целосно се промени во 1992 година. Неговиот 16-годишен син Еди, кој се пријави во специјалната единица на хрватската војска „Шкорпиони“, го загуби животот под околности кои никогаш до крај не беа разјаснети. Иако полицијата официјално соопшти дека станува збор за самоубиство, а низ Загреб кружеа верзии за играње руски рулет под дејство на наркотици, Мишо до крајот на животот тврдеше дека неговиот син е убиен и дека надлежните го кријат виновникот.

Супер Попуст -25%

По оваа трагедија, пејачот целосно се повлече од јавноста и престана да настапува. Се затвори во себе, поминувајќи ги деновите во огромна тага и под дејство на лекови за смирување. „Јас по смртта на мојот син Еди реков дека заминувам од сцената. Тогаш умре и Мишо Ковач. Го зедов своето крстено име Мате, бидејќи тогаш се промени целиот мој живот“, изјави тој во првото интервју по трагедијата.

Обидот за самоубиство како кулминација на очајот

Семејната криза продолжи да се продлабочува со јавните шпекулации за распадот на неговиот брак поради помлада жена, како и со тешката борба на неговата ќерка со зависностите. Товарот на сите овие проблеми резултираше со еден од најдраматичните моменти во неговиот живот на 14 јануари, кога тогаш 58-годишниот Ковач се обиде да си го одземе животот пукајќи си во градите во својот стан во Загреб.

Откако сфатил што направил, самиот го повикал својот менаџер кој веднаш повикал Брза помош. Лекарите во болницата „Ребро“ по тешка операција успеаја да му го спасат животот.

„Четири години бев полумртов, лежев клукан со седативи или бев на гробишта. Обидот за самоубиство беше само кулминација на наталожената тага и очај поради губењето на синот“, искрено објасни подоцна Ковач за овој најмрачен период од својот живот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Драма во Ормускиот Теснец: Четврти танкер налета на мина и експлодираше во рок од 24 часа