Американскиот претседател Доналд Трамп воведе нови, високи казнени царини за вкупно 14 земји во светот.
Овие драстично зголемени царински стапки ќе стапат на сила од 1 август. Тие беа најавени уште во април, но беа привремено суспендирани за да се овозможат 90-дневни преговори. Овој рок истече без договор за овие 14 земји.
Кои земји се на ударот на Трамп?
Според информациите, казнените царини од 46% се воведени за земји од Азија и Латинска Америка. Од регионот, на листата се најдоа Србија и Босна и Херцеговина. Други земји на кои им се закануваат високите царини се и Индија, Пакистан, Камбоџа, Бангладеш, Парагвај, Уругвај, Костарика и други.
Трамп изјави дека овие земји „предолго ги искористувале САД“. Во моментов, останува неизвесно дали и Македонија ќе добие писмо со најава за царини, иако премиерот Мицкоски неодамна изрази оптимизам дека ќе се постигне поволен договор.
Пад на Волстрит и страв од нова трговска војна
Веднаш по најавата на Трамп, акциите на светските берзи, особено на Волстрит, забележаа пад. Берзанските индекси како S&P 500, Dow Jones и Nasdaq се во црвено. Инвеститорите стравуваат од нова, поширока трговска војна.
Тие се плашат дека ваквите потези ќе ги нарушат глобалните синџири на снабдување. И дека ќе влијаат негативно на профитите на големите компании. Ескалацијата на трговските тензии создава голема несигурност во светската економија.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден -
Книгосаурус
699 ден
559.20 ден