во , ,

Ужас во зоолошка градина: Лав ѝ откина рака на жена, но нема да биде успиен

Во зоолошката градина во околината на австралискиот град Бризбејн, еден од лавовите нападнал посетителка.

Во зоолошката градина „Darling Downs“, југозападно од Бризбејн, лав во неделата наутро гризнал жена за раката и тешко ја повредил. Жената, на педесетина години, била долгогодишна соработничка и „сакан член на семејството на зоолошката градина“.

Тешки повреди и можна ампутација

Таа ги набљудувала чуварите како работат во просторот за месојади. Тогаш, еден од лавовите „необјасниво“ скокнал и ѝ ја зграпчил раката низ решетките. Итната помош пристигнала на терен околу 8:30 часот по локално време.

Реклама

Жената била пренесена во болницата „Принцеза Александра“ во Бризбејн. Таа е хоспитализирана во стабилна состојба и била оперирана. Медиумите наведуваат дека претрпела тешки повреди, а британскиот „Дејли Мејл“ тврди дека раката ѝ е ампутирана.

Лавот нема да биде казнет, зоолошката се отвора утре

Од зоолошката градина нагласија дека лавот не го напуштил својот заграден простор. И дека не претставувал закана за другите посетители или персоналот. Поради тоа, животното нема да биде казнето ниту успиено.

Причината, како што велат, е тоа што не се однесувало надвор од своите граници. Зоолошката градина, позната по својата колекција на лавови, тигри и леопарди, ги затвори вратите по инцидентот. Сепак, се очекува повторно да биде отворена уште во понеделник. Полицијата и надлежните служби истражуваат како дошло до несреќата.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Црн биланс во Тексас: Бројот на загинати во поплавите се искачи на 70, сè уште се трага по 11 девојчиња

Голема трагедија во соседна Бугарија: Македонец е меѓу загинатите откако 19-годишен возач со автомобил влета во ресторан