Во март 1995 година, уметникот Брајан Луис Саундерс си вети дека ќе создава нов автопортрет секој ден до крајот на животот. До денес, тој го исполни ова ветување; Саундерс направи над 11.200 автопортрети. Иако ова само звучи како експеримент, во 2000 година тој се одлучи да создаде уште порадикални под-серии во рамките на проектот. Уметникот насликал десетици автопортрети додека бил пој дејство на наркотици и така, се родил проектот „Под влијание“.
За неколку недели, тој станал летаргичен и претрпел лесно оштетување на мозокот. Саундерс дури станал чест гостин во болницата. Како и да е, тој продолжил да црта. Уметникот барал „искуства што можат длабоко да влијаат на неговата перцепција за себе“ и кога ќе видите колку е различен секој од цртежите од „Под влијание“, не можете да не помислите дека успеал.