Холивудскиот заводник Рајан Гослинг ги изненади обожавателите со својот изглед во трејлерот за неговиот нов филм.
Станува збор за научно-фантастичниот филм „Project Hail Mary“. 44-годишниот актер, кого често го нарекуваат еден од најзгодните мажи во светот, се појави во трејлерот носејќи долга перика и разбушавена брада.
Непрепознатлив изглед, но голема возбуда кај фановите
Многу обожаватели коментираа дека не можат да го препознаат. Единственото нешто што останало непроменето, според нив, се неговите продорни сини очи. Иако ги изненади со сосема новиот изглед, обожавателите истакнуваат дека едвај чекаат да го гледаат филмот.
„Веќе му давам совршена петка,“ „Не се сеќавам кога последен пат бев толку возбудена за некој филм,“ „Рајан Гослинг во вселената е сосема доволно,“ се само дел од коментарите под објавениот трејлер.
За што се работи во „Project Hail Mary“?
Филмот е адаптација на истоимениот бестселер на писателот Енди Вир. Дејството го следи Рајланд Грејс (Гослинг), учител кој се буди од кома на вселенски брод. Тој нема сеќавање на своето минато и нема поим како стигнал таму.
Додека полека се потсетува на својата мисија, тој сфаќа дека е единствената надеж. Надеж да ја спаси Земјата од катастрофално сценарио. За време на неговата вселенска авантура, тој среќава и мистериозен вонземјанин. Вонземјанинот исто така сака да го спаси својот вид.
Покрај Рајан Гослинг, во филмот глумат и Сандра Хилер, Кен Леунг и Милана Вајнтрауб. Премиерата на филмот е закажана за март 2026 година.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден