во ,

Чак Норис, Супермен и Брус Ли се натпреварувале кој најдобро слуша….

Чак Норис, Супермен и Брус Ли се натпреварувале кој најдобро слуша.

Почнал Супермен и вика:

– Спијам јас една вечер и почнав да слушам чудни звуци. Одам во една соба нема ништо, одам во друга соба и што да видам пајакот пајажина плете.

На тоа Брус Ли му враќа и вика:

– Ништо не е тоа. И јас една вечер спијам и нешто шушка, тропа, чудни звуци испушта. И станав да видам што е работата. Одам во една соба нема ништо, одам во друга
соба нема ништо, одам во ВЦ и што да видам чешмата почнала ‘рѓа да фаќа.

И на крај Чак Норис вика:

– Пфф… тоа ништо не е. Јас една вечер спијам и исто почна нешто да тропа, да испушта некои мистериозни звуци и станав да проверам што е. Одам во една соба ништо,
одам во друга соба ништо, во ВЦ ништо. Се враќам во спалната отварам шифоњер и што да видам капутот од мода ми излага.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Имало бродолом и Трпе и Цветко мртви жедни и гладни пловат во чамец по океанот…

Вие бевте многу добри статуи! Луѓето ве сакаат, го разубавувате парков… Ај ќе ве наградам…