во ,

Чак Норис, Супермен и Брус Ли се натпреварувале кој најдобро слуша…

Чак Норис, Супермен и Брус Ли се натпреварувале кој најдобро слуша.

Почнал Супермен и вика:

– Спијам јас една вечер и почнав да слушам чудни звуци. Одам во едната соба – нема ништо, одам во другата соба и што да видам – пајакот фатил плете пајажина!

На тоа Брус Ли му враќа:

– Ништо не е тоа. И јас една вечер спијам и нешто шушка, тропа, чудни звуци ми се слушаат, И станав да видам што е работата. Одам во едната соба нема ништо, одам во другата соба нема ништо, одам во ВЦ и што да видам чешмата почнала да фаќа ‘рѓа.

Доаѓа редот на Чак Норис:

– Пфф… тоа ништо не е. Јас една вечер спијам и исто почна нешто да тропа, да испушта некои силни звуци и станав да проверам што е. Одам во едната соба ништо, одам во другата соба ништо, во ВЦ ништо. Се враќам во спалната отворам шифоњерот и што да видам – капутот ми излегува од мода!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Конечно се одлучивте да побарате слободен ден, за вашиот роденден, за продолжен викенд…

19 Пати кога природата се покажала како најголем уметник