во ,

„Човек сам може да направи разлика, но сите заедно може да направиме историја“, порача премиерот Мицкоски

Мицкоски: Еден човек може да направи разлика, но сите заедно можеме да направиме историја

„Времето кога години наназад секој од нас губел надеж е минато.“

„Македонија може да оди напред,“ порача вечерва премиерот Христијан Мицкоски. „Човек сам може да направи разлика. Но, сите заедно може да направиме историја.“ Ова го рече на настан по повод една година Влада.

Летен Попуст!

„Ги градиме темелите, камен по камен“

Заедно, рече тој, ги градиме темелите. „Камен по камен, за Македонија што ќе ја препознаеме.“ „И ќе ја сакаме. За Македонија со која ќе се гордееме.“ Тој зборуваше за состојбата што ја наследиле.

„По години на празни ветувања, не почнавме од нула.“ „Почнавме од минус – од рушевините што ги оставија.“ „Но, ние не се предадовме. Не го оставивме својот дом,“ потенцираше тој.

„Не ветувам чуда, туку искреност и упорност“

„Кога ќе погледнам во очите на луѓето, знам што морам да направам.“ „Морам да направам сè за тие да имаат подобар живот.“ „Промените не се случуваат преку ноќ.“ „Но, секој ден напредок е голема победа,“ рече тој.

„Не ветувам совршенство и чуда. Туку ветувам искреност и упорност.“ „Во секој чекор и борба за тебе и иднината.“ „Оваа година беше година на напорна работа и стабилизација.“

„Македонија повторно ќе биде твоја“

„Ние не сме политичари што зборуваат од високо.“ „Ние сме луѓе што живеат тука со вас.“ „Затоа со труд ги градиме темелите на промените.“ „Македонија е повеќе од земја. Тоа е наш дом.“

„Оваа година беше само почеток на консолидација. Почеток по 7-те години на уништувања.“ „Ги поставуваме темелите за Македонија да биде повторно твоја.“ „Времето на Македонија допрва доаѓа. И тоа не е само слоган – тоа е наша обврска.“

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Првата жена машиновозач во историјата на Македонија од денеска почна со работа во МЖ Транспорт!

Хрватска ТикТокерка шокирана и згрозена од цените на Ибица: 30 евра за една единствена топка сладолед!