Војната во Украина нема да заврши наскоро, а последиците би можеле да бидат катастрофални за Европа. Ова е песимистичката оценка на поранешниот американски потпретпретседател Ден Квејл, кој верува дека Владимир Путин има намера целосно да ја уништи Украина.
Квејл е особено загрижен поради недостатокот на притисок од страна на Доналд Трамп, кој, според него, му дозволува на Путин да ги остварува своите цели. Оваа ситуација, смета Квејл, го поткопува сојузот на Америка со Европската Унија и носи сериозни ризици за безбедноста на континентот.
Квејл за односот Трамп-Путин: Неразбирлив афинитет без влијание
Како 44-ти потпретседател на САД, 78-годишниот Квејл имаше десетици дипломатски патувања. Многу од нив беа насочени кон обликување на Советскиот Сојуз по Студената војна. Иако трипати по ред гласаше за Доналд Трамп, сегашната позиција на поранешниот потпретседател за американско-руските односи и војната во Украина е песимистичка. „Не се приближуваме кон крајот на војната во Украина.
Рускиот претседател Владимир Путин нема желба ова да заврши додека навистина не ја уништи Украина“, изјави Квејл, кој е шеф на Cerberus Global Investments. Иако го разбира размислувањето на Путин, стратегијата на Трамп го збунува. „Не го разбирам афинитетот на Трамп кон Путин и зошто тој не бараше ништо од него. Се што сака да прави како претседател е да преговара… Па ако сте во улога на преговарач, што ви треба? Влијание (има моќ да влијае на нечии одлуки). Какво влијание има тоа врз Путин? Ништо, ништо, апсолутна нула“, рече Квејл. Тој се осврна на обидот на Трамп да постигне решение и крај на војната преку разговори со рускиот и украинскиот лидер.
Клучни пропусти на Трамп и предвидувања за иднината
Во текот на викендот, Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“ објави дека се надева на прекин на огнот пред телефонскиот разговор со претседателите на Русија и Украина. „Се надеваме дека ќе биде продуктивен ден. Прекинот на огнот е неминовен и оваа многу насилна војна, војна која никогаш не требаше да се случи, ќе заврши“, напиша Трамп.
По двочасовни разговори со Путин, американскиот претседател изјави дека сака да заврши „крвопролевањето“, но има малку знаци за напредок. „Путин вели дека нема да се согласи на прекин на огнот, тој само сака да разговара, а Трамп вели: ‘Во ред’“, нагласи Квејл.
Според него, недостатокот на притисок го поткопува и сојузот на Америка со Европската Унија. Тој смета дека доколку Русија не се согласи на прекин на огнот, ќе има секундарни санкции, но војната нема да заврши наскоро. Квејл тврди дека Русите сакаат да ја уништат Украина и дека времето е на нивна страна.
Иако Путин не бил успешен на бојното поле како што би сакал, „тој беше многу успешен со Трамп“, истакна Квејл. Тој додаде дека членството во КГБ му помага на Путин, бидејќи тој и неговиот круг луѓе ја знаат „слабоста и ранливоста на Трамп и како да се справат со него“.
Иако Квејл не верува дека Трамп може еднострано да се повлече од конфликтот, бидејќи „Конгресот има што да каже за тоа и сѐ уште има двопартиска поддршка за Украина“, тој верува дека американскиот лидер ја потрошил можноста да изврши притисок на три клучни начини кои би го промениле пристапот на Путин: пренасочување на средствата на руските олигарси во швајцарските банки кон Украина за реконструкција, испраќање повеќе оружје на Украина и воведување секундарни санкции на Русија.
„Да ги направевте тие три работи, Путин веднаш ќе седнеше на преговарачка маса“, рече Квејл, но се сомнева дека такво нешто може да се случи. „Не верува во тоа тој (Трамп), не сака да направи ништо значајно за да изврши притисок или да влијае на Путин.“
Иако Трамп сака да истакнува дека ова е „војна на Бајден“, Квејл верува дека ќе има политички последици за Трамп доколку дозволи Украина да падне. „Трамп ја наследи оваа војна, но сега е под негова контрола. Ако тој целосно се повлече од преговорите за Украина, што мислам дека нема, но може, ќе има значителна политичка цена. Американците не сакаат војна, но не сакаат ни да губат војни, и ако Трамп се гледа како губитник за ова, ќе има цена што треба да се плати.
Тој треба да го разбере тоа. Тој сака мир, не е љубител на војна, но тој е толку едностран и тоа е проблемот“, објасни Квејл. Трамп го предупреди Зеленски дека ризикува да започне трета светска војна на бурната средба со него пред неколку месеци во Овалната соба. Сепак, Квејл смета дека сегашната стратегија на Трамп претставува поголем ризик.
„Навистина сакате да зборувате за тоа кој е во ризик (3-та светска војна)? Само нека Русија ја „проголта“ Украина, па Полска, па Балканот – тогаш навистина ќе зборувате за трета светска војна“, заклучува Ден Квејл.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден