во ,

Што е тоа што го влечеш со тебе?

Во лудница дошло време да им прават проверка на лудаците кој е за дома кој не е. Викнале еден, и докториве го гледаат по него на конец влече тенџере и го прашуваат:

– Што е тоа што го влечеш со тебе?

– Џеки бе, моето куче.

И го вратиле назад.

По 2 месеци го викаат пак, и тој повторно тенџерето врзано на врвца го влече позади него.

– Што е тоа што го влечеш?

– Џеки бе, кучето.

Повторно го вратиле назад.

По 2 месеци уште еднаш го викаат и тој повторно тенџерето врзано на врвца го влече позади.

– Што ти е тоа што го влечеш со тебе?

-Тенџере бе тенџере, што може да е.

И го пуштиле. На излегување од лудницата, лудакот се врти накај тенџерето и му вика:

– Ќути Џеки ги излажавме…

Што мислиш?

27 Поени
Upvote Downvote

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Резултатите од крв ти се катасторфа, целиот си запушен со маснотии. Ќе мора нешто да смениш во животот…

Имало бродолом и Трпе и Цветко мртви жедни и гладни пловат во чамец по океанот…