во ,

Јас сум поштена жена и ми е незгодно да те примам на ноќевање…

Во едно село државен службеник вршел попис и ај уште малце, ај уште малце му заминал возот, а и последниот автобус. Селаните го однеле кај некоја вдовица да преноќева.

– Јас сум поштена жена и ми е незгодно да те примам на ноќевање – рекла жената.

– Јас сум џентлмен и нема да ти направам ништо – рекол службеникот.

Утредента домаќинката направила доручек и службеникот седнал да доручкува. Во дворот ја видел живината и рекол:

– Многу петли имаш.

– Само оној што пее на плотон е петел. Останатите се џентлмени – рекла жената.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

КУМАНОВАЦ: Кој е ?

Ќе пиеш ли још?