во ,

Аларм во Белгија: Три дрона ја надлетуваа нуклеарната централа Доел

Белгиските безбедносни служби повторно ги кренаа алармите откако синоќа три беспилотни летала беа забележани над нуклеарната централа Доел, сместена во близина на Антверпен.

Инцидентот предизвикал загриженост бидејќи централата е дел од критичната енергетска инфраструктура, јави „Ројтерс“. Операторот на електраната, компанијата „Енги“, соопшти дека леталата не предизвикале никакво нарушување во функционирањето на Доел. Сепак, белгиските власти ја засилиле воздушната и технолошката контрола во тој регион.

Повеќе од само еден инцидент – дронови и над НАТО база

Ова не е изолиран случај. Пред неколку дена биле пријавени слични појави и над аеродромот во Лиеж, поради што воздушниот сообраќај бил привремено прекинат околу еден час. Белгиската полиција истражува дали зад овие летови стои организирана група.

Од друга страна, воените извори потврдуваат дека дронови биле забележани и над базата Клајне-Брогел, каде што, според неофицијални извештаи, НАТО складира американско нуклеарно оружје.

По овие инциденти, германското Министерство за одбрана минатата недела најавило дека германските вооружени сили ќе ѝ помогнат на Белгија во зајакнувањето на одбраната од дронови и кибер закани.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Лажеле за Трамп, а сега и за климата? Британскиот сервис во најголемата криза досега.

Русија: Соборивме 71 украински дрон во текот на ноќта