Сезоната на пожари во земјава почна порано и дневно се регистрираат по триесеттина пожари.
Денеска активни се четири пожари на повеќе локации. Ова на прес-конференција го изјави Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Во првите три дена од јули веќе се регистрирани 43 пожари на отворен простор.
Апел до граѓаните: „Искосете ја тревата, во опасност се куќите“
„Упатувам апел до граѓаните кои имаат викендици или стари куќи да се погрижат за своите дворови,“ рече тој. Тој го наведе примерот со валандовско каде постоела опасност да изгорат неколку куќи. Причина била обрасната трева повисока од еден метар.
„Апелирам граѓаните да ја искосат тревата и така ќе ни помогнат. Со вакво темпо и според прогнозите, ќе имаме тешко лето,“ истакна Ангелов. „Нашиот фокус наместо кон гаснење, ќе треба да биде кон одбрана на населените места.“ Тој апелираше и да не се пали оган на отворено.
Капацитети на ДЗС: Еден функционален Ер-трактор и недостиг на инспектори
Од ДЗС информираа дека дирекцијата во овој момент има еден функционален Ер-трактор. Вториот треба да пристигне следната недела по завршување на сервисирањето. За третиот авион не може да се даде точна информација кога ќе биде во функција.
Ангелов информираше и за недостаток на инспектори. Во моментов има само 15, а потребно е да бидат 35. Тој рече дека овој проблем ќе се решава во наредниот период.
Повисоки плати и повик за нови пилоти
„Сакам да ја известам јавноста дека благодарение на премиерот и Владата, платата на вработените во авио-одделението во ДЗС е двојно зголемена,“ рече тој. Според него, тоа ќе биде мотивирачки фактор за вработените да останат да работат во ДЗС.
„Воедно ги повикувам на разговор пилотите што имаат професионална дозвола за летање, а не се ангажирани,“ посочи Ангелов. Тој ги повика да дојдат на дообука. И да се стекнат со дозвола за управување со авионите Ер-трактор.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден