
Во пресрет на Ноќта на вештерките која се приближува, Меган Маркл и принцот Хари ги поведоа своите дечиња — принцот Арчи (6) и принцезата Лилибет (4) — во есенска авантура за собирање тикви.
Војвотката од Сасекс (44) ја документираше семејната прошетка во видео кое го сподели на Инстаграм. Видеото започнува со кадри од редици портокалови тикви, а потоа преминува на сцена каде Арчи трча низ лавиринт од пченка.
Во продолжение се прикажани моменти од топлата семејна атмосфера — Меган влече количка полна тикви заедно со Хари и Лилибет, која во еден момент седи меѓу тиквите во количката. Видеото е поставено придружено со позадинската песна „California Dreamin’“ од The Mamas & the Papas, создавајќи носталгично и радосно расположение.
Повеќе од само прошетка – и баба Дорија длабела тикви
Забавата не завршила со прошетката. Видеото открива дека принцот Хари подоцна издлабил неколку тикви, а во активноста се вклучила и мајката на Меган, Дорија Рагланд, која направила кратка, но симпатична појава во видеото.
За време на еден пренос во живо, Меган откри дека ваквите моменти ѝ помагаат да води посмислени разговори со децата, кога веќе се во фаза да одговараат само со ‘да’ или ‘не’.
Таа додаде дека нивната ќерка Лилибет моментално е во прекрасно расположение: „Нашата ќерка има 4 години и има многу силен карактер, таа е неверојатна. Сега кога ја прашувам ‘Кое беше твоето цветче и кој ти беше трн во денот?’, таа само ми одговара: ‘Мојот ден беше совршен!’“
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден







