
Аматерскиот фотограф Анхел Идалго во јужна Шпанија снимил неверојатна фотографија од бел ибериски рис во природата.
Тоа ги поттикна научниците да истражат дали на појавата на рисот во оваа боја влијаеле фактори од околината. Идалго ги објави фотографиите на социјалните мрежи, опишувајќи ја единката како „белиот дух на медитеранската шума“, пишува Гардијан.
Тој објаснил дека првпат го забележал животното со камера-стапица во близина на градот Хаен. Снимката била доволна да се види рисот со бело крзно и темни дамки, наместо вообичаеното кафеаво крзно. „Оттогаш почнав да го посветувам целото мое слободно време на тоа. Поминаа месеци без успех… Кога првпат го видов, со неговото снежно бело зимско крзно и продорни очи, бев маѓепсан“, напишал Идалго.

Повеќе од само фотографија – мистерија за научниците
Фотографиите брзо се проширија, но експертите кои работат на заштита на овој вид рекоа дека животното веќе им е познато. Хавиер Салседо, координатор на проектот LIFE Lynx-Connect, објаснил дека станува збор за женка по име Сатурејха, родена во 2021 година.
Интересно е што рисот при раѓањето имал нормална боја, но пигментацијата се променила во одреден момент. „Тоа не е ни албинизам ни леуцизам. Истражуваме што можело да се случи. Сметаме дека би можело да биде поврзано со изложеност на некој фактор од околината“, рекол тој за „Ел Паис“.
Феномен што се враќа?
Салседо додал дека ова е вторпат да наидат на рис со слични карактеристики. Во претходен случај, тие следеле женка од истата област – веројатно роднина на Сатурејха – и набљудувале како бојата на крзното ѝ се менувала од кафеава во бела, па потоа повторно се враќала во кафеава.
„Ова би можело да укаже на постоење на некаков вид преосетливост“, рече тој. Властите во Андалузија соопштија дека следниот чекор ќе биде кратко фаќање на Сатурејха за да се земат примероци и да се утврди точната причина за промената на бојата.
@zekedarwinscience A Ghostly Iberian Lynx Sighted in Spain #animals #learnontiktok #cat #wildlife #biology
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден







