во ,

Вашиот интернет е во старт 40% побавен ако рутерот ви стои на ова место

Многумина имаат одличен интернет пакет, но не и добар сигнал, бидејќи рутерот често завршува таму каде што има штекер, а не таму каде што има домет.

Со ова се губи и до 40% од брзината на интернетот, и тоа уште пред сигналот да стигне до вашиот телефон или лаптоп. Повеќето луѓе не знаат дека положбата на рутерот има поголемо влијание врз брзината од самиот пакет. Ако рутерот стои прениско, во агол на подот или покрај ѕид, сигналот се одбива, ја губи силата и создава „мртви точки“ во станот. Тогаш и најскапиот пакет работи како да е најспор.

За сите храбри борци

Најлошото место за рутерот е на подот или покрај телевизорот

Рутерот често по грешка завршува на подот или покрај телевизорот, што е најлошото можно место. Тоа е позиција во која Wi-Fi сигналот ја губи силата бидејќи го блокираат ѕидови, теписи и метални површини. Ако рутерот е на подот, сигналот се шири хоризонтално, а не нагоре, па го губите дометот на катовите или во другиот дел од станот.

Бетонските ѕидови, огледалата и кујнските апарати дополнително ги блокираат брановите, додека фрижидерот и телевизорот прават електромагнетни пречки. Ако рутерот е покрај прозорец, дел од сигналот едноставно „бега“ надвор.

Идеалната позиција: во центар и на висина

Идеалното место за рутерот е во средината на станот, на висина од околу 1,5 метар, на отворено, без препреки и не во затворени ормари. Така сигналот може рамномерно да се шири во сите правци и да пружи стабилен интернет во секоја просторија.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ова растение е природен еликсир, ја чува младоста и ја брише болката