
Експлозијата на побарувачката за енергија поради центрите за податоци за вештачка интелигенција создаде сосема нов проблем што никој не го очекуваше.
Побарувачката е толку голема што некои американски компании сега прибегнаа кон едно неочекувано решение: користат млазни мотори од стари патнички авиони за да произведуваат струја.
Како што пишува „Financial Times“, производителите на гасни турбини повеќе не можат да ја задоволат побарувачката. Трите најголеми играчи на пазарот, MHI од Јапонија, Siemens од Германија и GE Vernova од САД, пријавиле повеќегодишни застои во испораката. Поради тоа, центрите за податоци кои ги напојуваат ВИ-моделите почнаа да бараат алтернативни начини да обезбедат доволно енергија за своите системи.
Старите авиони сега работат за вештачката интелигенција
Според податоците, вештачката интелигенција и американските центри за податоци до крајот на 2025 година ќе трошат дури 22 отсто повеќе струја отколку минатата година. Електричните мрежи во многу држави веќе се преоптоварени, па операторите се принудени да поставуваат сопствени извори на енергија. Во тој хаос, се појавило едно необично решение кое се покажало како најбрзо и најефикасно.
Компанијата ProEnergy од САД почнала да ги преработува моторите General Electric CF6, истите оние кои некогаш се наоѓале во големите патнички авиони. По преправката, тие повеќе не се користат за потисок, туку вртат генератор кој ги напојува ВИ-серверите.
Повеќе од само трик – листа на чекање до 2030
Според „IEEE Spectrum“, центрите за податоци веќе ги користат овие турбини за време на изградбата и во првите години од работата. Кога ќе се обезбеди мрежната енергија, моторите преминуваат во резервен режим или се продаваат понатаму на други оператори.
Поради недостигот на турбини, некои купувачи сега плаќаат милионски депозити само за да резервираат испорака до 2030 година. Во Азија веќе се бележат листи на чекање и до пет години, додека во САД побарувачката не покажува знаци на забавување.
Алтернативните решенија, како ветерните паркови или малите нуклеарни реактори, сè уште се далеку од масовна примена, па авионските мотори засега се неочекуваниот спас за револуцијата на вештачката интелигенција.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден







