Од 24 февруари 2025 година, минималниот услов за апликацијата WhatsApp на уредите на iPhone ќе биде да има инсталиран оперативен систем iOS 14.1.

-
La Linea v8
699 ден
524.25 ден
Ова значи дека ако имате еден од постарите модели на iPhone, нема да можете да се допишувате со семејството и пријателите преку оваа апликација.
Во суштина, сите iPhone 6, iPhone 5s, iPhone 6 Plus и постари модели се погодени, бидејќи тие не можат да се ажурираат на потребната верзија на оперативниот систем.
Како главна причина за ваквата одлука, WhatsApp ја наведува безбедноста на корисниците, и вели дека постарите оперативни системи не ги исполнуваат сите потребни стандарди за извршување на потребните функции.
За корисниците на Android, нема нови системски барања – доволно е да имате Android 5.0 на вашиот телефон и користењето на апликацијата е можно.


