
Удари во Оманскиот Залив и ракетен одговор врз Јордан
Според информациите од Центком, четири ирански танкери поврзани со Иранската револуционерна гарда биле цел на напад во Оманскиот Залив, додека петтиот бил погоден во близина на островот Харг, кој претставува голем нафтен терминал на иранскиот брег. На овој потег на Вашингтон, Техеран одговори со лансирање проектили кон американска воена база лоцирана во Јордан. Според јорданските власти, нивната противвоздушна одбрана успешно соборила 18 од вкупно 20 ирански ракети, додека две завршиле во ненаселени области.
Хаос во Ормускиот Теснец и вклучување на Хутите
-
Апсана
699 ден
524.25 ден
Иранската револуционерна гарда најави одмазднички напади и го прошири фронтот на дејствување. Државните медиуми во Техеран објавија дека иранските сили нападнале два американски брода, осум танкери и десет други бродови кои, според нивните тврдења, неовластено се обидувале да поминат низ стратешки важниот Ормуски Теснец.
Оваа опасна спирала на насилство започна откако Иран претходно нападна американски воен брод со балистички ракети, кои според Центком биле успешно избегнати без да предизвикаат жртви меѓу американските војници. Кон најновата ескалација на конфликтот брзо се приклучија и јеменските Хути, кои се поддржани од Иран. Тие извршија нови напади врз цивилна и енергетска инфраструктура во Саудиска Арабија, која е клучен сојузник на САД во регионот.
„Иран продолжува да се обидува да напаѓа американски воени бродови. И секој пат кога ќе го направат тоа или ќе се обидат да го направат тоа, ќе изгубат танкери“, изјави децидно американскиот државен секретар Марко Рубио, оценувајќи ја ситуацијата како прилично едноставна.


