во ,

Во Албанија за само пет месеци престојувале 3,4 милиони странски туристи

Во Албанија за првите пет месеци од годинава престојувале 3,4 милиони странци.

Ова го покажуваат најновите податоци на албанскиот Институт за статистика (ИНСТАТ). Оваа бројка е за 100 илјади туристи повеќе во споредба со истиот период минатата година, кога биле регистрирани 3,3 милиони.

Рекорден број на туристи, но забавен раст во мај

Во месец мај, Албанија ја посетиле 987 илјади туристи. Ова претставува згоleмување од само 1,4 отсто споредено со мај минатата година. Според Институтот, бранот туристи кој започна на почетокот на оваа година, забавил со влегувањето во екот на сезоната.

Реклама

За споредба, минатата година во првите пет месеци имало 3,3 милиони туристи. Тоа тогаш претставуваше огромен раст од 38% во споредба со 2023 година.

Од каде доаѓаат туристите и зошто патуваат?

Во мај 2025 година, 95% од странските државјани кои влегле во Албанија се од европскиот регион. Од нив, Јужна Европа учествува со 72%, по што следува Западна Европа со 14%. Има и значителен број туристи од Африка, Азија и Америка.

Целта на влегувањето, во 98% од случаите, е за лични потреби. Тука доминираат одморот, посетите на роднини и слично. Други доаѓаат поради деловни, професионални или здравствени потреби.

И Албанците сè повеќе патуваат во странство

Од друга страна, и албанските граѓани не престанале да одат во странство. Во мај, 689.145 албански државјани отпатувале надвор од Албанија. Ова претставува зголемување од 8,9 отсто во споредба со мај 2024 година, наведува Институтот.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вучиќ од Шпанија: Не сум во бегство, нема помилувања за хулиганите

Арсовска до Обвинителството: Петгодишни деца граделе згради во Чаир