во ,

Во лудница дошло време да им прават проверка на лудаците кој е за дома кој не е….

Во лудница дошло време да им прават проверка на лудаците кој е за дома кој не е. Викнале еден, и докториве го гледаат по него на конец влече тенџере и го прашуваат:

– Што е тоа што го влечеш со тебе?

– Џеки бе, моето куче.

Реклама

И го вратиле назад.

По 2 месеци го викаат пак, и тој повторно тенџерето врзано на врвца го влече позади него.

– Што е тоа што го влечеш?

– Џеки бе, кучето.

Повторно го вратиле назад.

По 2месеци уште еднаш го викаат и тој повторно тенџерето врзано на врвца го влече позади.

– Што ти е тоа што го влечеш со тебе?

-Тенџере бе тенџере, што може да е.

И го пуштиле. На излегување од лудницата, лудакот се врти накај тенџерето и му вика:

– Ќути Џеки ги излажавме…


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Пентагон го оживува „морското чудовиште“: Оваа советска машина некогаш сеела страв

Анџелина Џоли повторно на вечера со The Weeknd, се шират гласини дека се во врска