Србија денеска го задржува здивот пред најавениот масовен антикорупциски протест, и тоа на повик на српските студенти кои се мобилизираат од ноември, пренесе Радио Франс Интернационал (Radio France Internationale – RFI) и укажа дека претседателот на државата Александар Вучиќ никогаш досега не се соочил со протестно движење од вакви размери.

-
Апсана
699 ден
524.25 ден
Во Белград денеска се очекуваат стотици илјади луѓе, со ризик од насилство меѓу поддржувачите и противниците на претседателот на Србија, пренесе РФИ. Голем протестен бран ја зафаќа Србија веќе неколку месеци, почнувајќи од трагичниот инцидент на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември минатата година. Уривањето на надстрешницата на станицата, која штотуку беше реновирана, остави 15 мртви и предизвика големи емоции и огорченост во Србија.
„Тој смртоносен инцидент е исклучително силен катализатор бидејќи ги обединува сите постапки на режимот во смисла на кршење на владеењето на правото, клиентелистички практики и ендемска корупција“, изјави Софи Геде (Sophie Gueudet), експерт за Балканот и истражувач на Високата школа Санта Ана во Пиза, во Италија.


