во , ,

Газдата на една фирма, одлучил да му го препушти бизнисот на својот син…

Газдата на една фирма, одлучил да му го препушти бизнисот на својот син. Син му дипломирал на еден од нашите приватни факултети. Првата задача му била да го намали бројот на вработените. Влегол во фирмата и почнал да ги набљудува работниците. Гледа дека сите работат освен еден, кој стоел до радијаторот во ходникот и гледа низ прозорот. Доаѓа до него и го прашува:

– Дечко колку изнесува твојата месечна плата.

– Па околу 15.000 денари!

Реклама

Синот на газдата извадил пари од џебот и му рекол:

– Еве ти 15.000 денари плата за овој месец, и еве ти уште 50.000 денари и повеќе да не доаѓаш на работа.

Дечкото ги земал парите и насмеан си заминал од фирмата. А синот на газдата, воодушевен од својата постапка се свртел кон останатите работници и им рекол:

– Вака ќе биде со секој кој нема да работи, а сега нека ми го каже името на овој вработен за да го одјавам.

Сите молчеле освен шефот кој собрал храброст и му одговорил:

– Газда тоа беше Трпе, работи како Пица доставувач.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Анџелина Џоли повторно на вечера со The Weeknd, се шират гласини дека се во врска

Астронаут направи прекрасно видео од поларна светлина од вселената