во ,

„ГЕНЕРАЦИЈАТА З“ СЕ КРЕНА: Хаос во Мексико Сити, 120 повредени – 100 од нив полицајци!

Најмалку 120 лица се повредени, од кои 100 се полицајци, а 20 лица се уапсени, по антивладините протести што се одржаа во саботата во Мексико Сити.

Протестите, организирани од „генерацијата З“, беа насочени против криминалот, корупцијата и неказнивоста во земјата. Демонстрантите успеале да демонтираат делови од бариерата пред Националната палата, по што полицијата употребила солзавец за да ги растера.

Повеќе од само протест – гнев по убиство на градоначалник

Активистите изразиле незадоволство и поради неодамнешните убиства на познати личности, вклучително и градоначалникот на Уруапан, Карлос Манзо, кој беше застрелан на 1 ноември. Тој беше познат по неговата отворена борба против моќните нарко-картели во регионот.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

АЛБАНИЈА СЕ ВООРУЖУВА: Ќе купува хаубици, дронови и минофрлачи од Израел!

СИЈАРТО СО ДИРЕКТЕН НАПАД: „Брисел сака да ја преплави Европа со мигранти!“