во ,

„Готово е, нема да имам деца“: трагичната причина зошто Кијану Ривс никогаш не стана татко

Судбината не го штедеше, силните удари оставија лузни, но Кијану Ривс (61) и понатаму дава сè од себе да го направи светот подобро место.

Го опишуваа како најтажниот човек во Холивуд: зад него е тешко детство, загубата на најдобриот пријател Ривер Феникс кој почина од предозирање, но и тажниот крај на големата љубов со жената за која веруваше дека е негова сродна душа и со која сакаше да основа семејство.

За сите храбри борци

Веќе ги имаше снимено „Брзина“ и уште неколку големи хитови кога во 1998 година ја сретна колешката Џенифер Сајм и лудо се заљуби во неа. Во тој момент тој имаше сè – девојка од своите соништа, популарност, слава… Но, судбината, од некоја причина, одлучи сурово да си поигра со него.

Трагедијата што му го скрши срцето

Тој се радуваше кога дозна дека ќе стане татко. Ѝ дадоа и име на ќерката – Ава. Меѓутоа, Џенифер се породи предвреме, во осмиот месец, точно на Божиќ во 1999 година. Бебето никогаш не вдишало, никогаш не го видело светот… Наместо неизмерна среќа, ги дочека неизмерно страдање што не станале родители, а тоа толку го посакувале. Огромната болка за која не наоѓале решение ја уништила и нивната врска, па одлучиле да се разделат.

Сепак, останале блиски пријатели и најголема поддршка еден на друг, сè додека и тоа не го прекинала морничава трагедија. Џенифер се обидувала да најде утеха во алкохол и антидепресиви, кои на крајот ја одвеле во смрт. Враќајќи се од забава кај Мерилин Менсон, таа загинала во сообраќајна несреќа. Имала само 28 години.

Повеќе од само болка – одбивање да се биде татко

Скршен од болка, актерот долго по нејзината смрт избегнувал емотивни врски. Верувал дека основањето семејство не е за него и дека никогаш нема да има деца. Утехата ја пронаоѓал во работата, а од таа патевме е роден и ликот на Џон Вик.

„Тагата никогаш не завршува, таа само го менува обликот. Кога ќе умрат оние кои ги сакаш, остануваш сам. Се прашувам каква ќе беше сегашноста да беа тука… Ми недостасуваат сите оние прекрасни работи кои никогаш нема да се случат“, изјавил тој.

Неколку години подоцна, тој јавно потврди дека не планира да стане татко, велејќи дека за деца е „предоцна“. Се чинеше дека тој целосно се откажал од идејата за семејство.

Нова надеж со Александра Грант

А потоа, во неговиот живот влезе Александра Грант, визуелна уметница која му го врати она што мислеше дека засекогаш го изгубил – насмевката. Иако многумина го критикуваат нејзиниот неконвенционален изглед, Кијану не се одвојува од жената која му донесе мир. Иако неодамна се појавија вести дека тајно се венчале, тие ги демантираа гласините. Убаво им е и без потпис, а нивната среќа е очигледна секогаш кога заедно ќе зачекорат на црвениот тепих.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Заборавете на аптеките, овој стар народен рецепт е вистински „лек над лековите“

Тензијата можеше да се сече: Хејли Бибер сама, а Селена Гомез среќна со сопругот