Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, денеска не кажа дали тој ќе биде нов кандидат за градоначалник на Град Скопје.
Тој остава прво да помине седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Оваа седница е закажана за во недела. Изјавата ја даде на прес-конференција за отчет од првата година на власт.
Дали Орце Ѓорѓиевски води на анкетите?
На новинарско прашање дали е точно дека градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, води на внатрепартиските анкети, Перински вели дека нема таква информација. Сепак, тој најави целосна поддршка и соработка во кампањата. Поддршката, како што рече, ќе биде за било кој кандидат што ќе го избере партијата.
„Без разлика кој и да биде кандидат за градоначалник, тој ја има мојата целосна поддршка. А моето темпо за работа ќе си продолжи како и досега,“ рече Перински.
„Имаме историски позитивен рејтинг во Скопје“
Околу партиските анкети за поддршката на граѓаните, министерот вели дека очекувањата на ВМРО-ДПМНЕ се големи. Тие се базирани на конкретни бројки. „Бројките на анкетите, споредбено ВМРО-ДПМНЕ со СДСМ, се историски позитивни во корист на ВМРО-ДПМНЕ,“ истакна тој.
„Тоа што имаме шанси да победиме во секоја општина во Македонија се базирани на тие бројки. И извесно е дека тоа ќе се случи,“ додаде министерот. „Нашата партија е доминантно позиционирана во градот Скопје и не очекувам некакви изненадувања.“
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден