Новата вселенска трка е во полн ек – САД и Кина даваат сè од себе да испратат луѓе на Месечината до крајот на деценијата.
Меѓутоа, повторното спуштање на лунарната површина е само почеток, бидејќи многумина сметаат дека човештвото треба да создава трајни населби и надвор од нашата планета. Прво на Месечината, па потоа и на Марс.
Најгласниот заговорник за освојување на Црвената планета е Илон Маск, милијардерот и сопственик на SpaceX. „SpaceX ќе го колонизира Марс“, рече тој минатата година. „Се обидувам да доведам до тоа животот да стане мултипланетарен за да го максимализирам можниот животен век на свеста“, порача тој на X. Како што верува, ова би можело да се случи до 2055 година.
Не мислат сите дека е тоа можно. Има и такви кои сметаат дека човечкото тело не може да го издржи ниту патот до Марс и назад, а камоли животот во негостољубивите услови на „четвртиот камен од Сонцето“.
Дали треба да го колонизираме вселената?
Порталот „The Conversation“ постави поинакво прашање: дали луѓето воопшто треба да ја колонизираат вселената? А од петте научници на кои им го поставиле тоа прашање, дури четворица одговориле со: „Не“.
Важноста на јазикот
„Не. Мораме да размислуваме за јазикот што го користиме… Терминот ‘колонизација’ има историска тежина. Се однесува на чин на населување и воспоставување контрола врз некој простор, без оглед на тоа кој живее на него“, рече Кирстен Бенкс, професорка на Универзитетот Свинберн. Таа нагласува дека почитувањето на вонземскиот живот, доколку постои, е етички императив.
Против е и Алис Горман, професорка по археологија, која смета дека вселената се третира како ресурс за експлоатација во капиталистички систем, што е неодржливо. „Научниците дури сега почнуваат да ги сфаќаат циклусите на вода на Месечината… Секое вселенско опкружување треба да има право на еколошки интегритет. Радикална промена во размислувањето е неопходна пред луѓето да бидат подготвени да ја населуваат, а не да ја колонизираат вселената“, рече таа.
Преголема моќ во рацете на поединци и корпорации
Бен Брамбл, професор по филозофија, исто така е против. „Колонизацијата на Марс за да се направи ‘резерва’ на човештвото попрво би можела да нè доведе во опасност отколку да нè спаси. Тоа би концентрирало огромна моќ, без одговорност и контрола, во рацете на неколку поединци и корпорации… Кога ќе имаме технологија да го направиме Марс погоден за живот, едноставно би можеле да ја искористиме за Земјата повторно да ја направиме погодна за живот. Нашата најдобра надеж е да се фокусираме на обнова на оваа планета, а не на нејзино напуштање“, рече тој.
Арт Котерел, истражувач, се согласува, истакнувајќи дека договорот за вселената од 1967 година вели дека вселената мора да биде „за корист и во интерес на сите земји“. „Каква е етиката кога Илон Маск, кој профитира од говор на омраза, сака да воспостави град на Марс? Со колонизирање на вселената ризикуваме да ги прошириме нашите кризи и надвор од Земјата“, рече тој.
Повеќе од само една страна – прашање за далечната иднина
Единствено Сара Веб, професорка по астрофизика, ја поддржува идејата, „но со нијанси“. „Како астроном, размислувам во космички временски рамки: за 4 до 5 милијарди години Сонцето ќе умре, а со него и Земјата. Ако човештвото опстане, животот надвор од Земјата ќе биде клучен. Но, таа иднина не е непосредна“, рече таа, додавајќи дека во меѓувреме, фокусот треба да биде на заштита на Земјата, додека вселената ја користиме за наука.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден