
Секогаш се обидуваме правилно да ги воспитуваме нашите деца, но на еден или на друг начин, секој родител прави грешки.
Децата можат да простат некои грешки, некои веднаш, некои со текот на времето. Сепак, психолозите предупредуваат дека постојат две грешки кои децата никогаш, или само со ретки исклучоци, не им ги простуваат на своите родители.
Контрола и недостаток на доверба
Првата голема грешка е постојаниот надзор и прекумерната контрола. На детето треба да му се даде доверба, дури и кога тоа е тешко. Децата ја црпат својата самодоверба токму од довербата на нивните родители. Ако родителите постојано се сомневаат и не веруваат во нивните способности, на детето му е многу потешко да успее во која било задача. Ова се одразува и во возрасниот живот – тинејџерот може да дојде до сознание дека не е способен да направи ништо одговорно и најлесно е да ги обвини родителите кои никогаш не му дозволиле да биде независен.
Споредба со другите
S
Ова е многу важна тема. Луѓето кои во детството не биле споредувани со други, во зрелоста се самоуверени личности кои се споредуваат само со себеси (своите минати постигнувања). Тие разбираат дека секој има свои услови и им е чудно да се споредуваат со другите. Спротивно на тоа, ако детето постојано било споредувано („види го него…“), тогаш и како возрасен човек постојано ќе се споредува. Оттаму, може да се појават депресија, несигурност и завист – само од фактот дека родителите ги споредувале во детството. Запомнете, велат експертите, детето треба да се споредува само со себеси.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден







