Десетици илјади граѓани се собраа на Парадата на гордоста во Будимпешта.
Парадата се одржа и покрај официјалната забрана за настанот од страна на властите. Оваа година се одбележува 30-годишнината од одржувањето на маршот. Оваа информација ја пренесуваат светските медиуми.
Симбол на отпорот против владините ограничувања
Поради заканите за високи казни од унгарскиот премиер Виктор Орбан, парадата стана моќен симбол на отпор. Отпор против владините ограничувања на слободата на собири и загрозувањето на човековите права.
На маршот се вееја знамиња со боите на виножитото. Имаше и голем број на транспаренти за солидарност со ЛГБТИ заедницата. Дел од присутните носеа и пораки за поддршка во борбата за основните човекови права.
Меѓународна поддршка и контроверзниот закон
Повеќе од 30 амбасади ја поддржаа Парадата на гордоста во Будимпешта. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, претходно ги повика унгарските власти да го дозволат настанот.
Сепак, полицијата ја забрани овогодишната парада. Тие се повикаа на контроверзниот закон за заштита на децата. Законот беше донесен од парламентот во март. Со него се ограничуваат собири на кои наводно се промовира хомосексуалноста.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден