
Дијамант во живописна сина боја со тежина од 9,51 карат, кој претходно ѝ припаѓал на Рејчел „Бани“ Мелон, е продаден во Женева за 25,6 милиони долари, објави аукциската куќа „Кристи“.
Беспрекорно изработениот дијамант во облик на круша е именуван „Мелон Блу“ (Mellon Blue) по неговата поранешна сопственичка – аристократка, филантроп и блиска пријателка на Жаклин Кенеди.
-
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден
Мелон била американска хортикултуристка која ја дизајнирала и познатата градина со рози во Белата куќа за време на администрацијата на Кенеди – истата градина која американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја реновира оваа година.
Интересно е што по нејзината смрт во 2014 година, истиот дијамант бил продаден за 32 милиони долари, што во тоа време беше највисоката сума платена некогаш за обоен дијамант. На вториот ден од аукцијата денеска ќе се најде и брош на Наполеон, пронајден по Битката кај Ватерло.


