
Овен – Нов период за промени во кариерата
Во вашето поле на кариера и позиција денес е млад Месец. Пред вас е период кој ќе отвори шанси за промени кои ви се толку потребни. За време на овој ден најдобро би било повеќе време да поминете со приjaтели, тоа ќе ве опушти.
Бик – Полесно остварување на посакуваното
Млад Месец во полето на странство, планови и учење. Влегувате во период кога на полесен начин ќе можете да го остварите она што го посакувате. Најдобро ќе се чувствувате во контакт со саканата особа. Имате чувство дека ги надминавте напнатите моменти.
Близнаци – Финансиски шанси и интензивни контакти
Млад Месец во полето на кризи, промени и туѓи пари ќе отвори пред вас ново раздобје, кое најмногу ќе биде исполнето со финансиски шанси. Очекувајте интензивни контакти со спротивниот пол. Во постојните емотивни релации е нагласена посесивноста.
Рак – Период на поврзување со другите
Млад Месец во полето на деловни и емотивни партнерства ќе ви донесе период во кој ќе бидете подготвени повеќе да се поврзете со другите. За време на овој ден акцентот најмногу ќе биде фрлен на емотивните партнерства. Интензивни контакти со спротивниот пол.
Лав – Фокус на работа и здравје
Во полето на деловна секојдневица и здравје денес е млад Месец. Пред вас е период кога повеќе ќе бидете свртени кон овие сегменти. За време на денот добивате прилика со емотивниот партнер да разговарате за прашања кои го нарушувале вашиот однос.
Девица – Нови емотивни почетоци
Во вашето поле на љубов и забава денес е млад Месец, така што во наредниот период можете да очекувате нови емотивни почетоци и случувања. И овој ден ќе го искористите за љубов, голема свртеност кон саканата особа. Нови возбудливи познанства.
Вага – Стабилност во домот и семејството
Млад Месец во полето на дом и семејство ќе донесе период во кој најмногу ќе сакате да остварите стабилност и кога вашиот труд по овие прашања ќе носи резултати. За време на денот сте насочени кон вашите најмили и подготвени со нив да споделитеубави моменти.
Шкорпија – Период на активности и напредување
Вашето поле на комуникација, договори, кратки патувања и средби денес го угости младиот Месец. Пред вас е период на големи активности, движења кои ве водат кон напредување. За време на денот најдобро ќе се чувствувате во комуникација со луѓе кои ги сакате и почитувате.
Стрелец – Можности за остварување на желби
Млад Месец во полето на работа и пари носи уште една можност во наредниот период да ги остварите вашите желби во овие сегменти. Овој ден искористете го за дружење, за одржување контакт со блиските луѓе. Ова ќе ви донесе позитивна енергија.
Јарец – Најзанимлив период до сега
Млад Месец во вашето поле на личност. Време е да се поместите себеси, да на поинаков начин ги сагледате и деловните и емотивните ситуации во кои сте. Во период сте кога сите шанси се отворени, бидете активни и продорни, како што вие тоа и знаете.
Водолија – Време за промена на ставови
Млад Месец во полето на подсвест ви носи период во кој ќе мораат да ги промените вашите ставови. Добро размислување и пресекување со стравовите и блокадите кои ве оневозможувале во напредувањето. Најмногу денес ќе бидете свртени кон емоциите.
Риби – Полесно остварување на желби и планови
Млад Месец во полето на шанси, прилики и поддршка ги воведува Рибите во период кога на полесен начин ќе ги остварувате вашите желби и планови. И за време на овој ден ве поддржуваат блиските луѓе, со пријателите ќе имате извонредна комуникација и договори. Емотивно – добро.

