
Дознајте дали на вашиот знак дневниот хороскоп ќе му донесе многу среќа.
Астролог Олга Савиќ
Денешниот ден е под силно влијание на Полната Месечина во знакот Бик, која носи големи промени, предизвици и пресврти за сите знаци.
ОВЕН
Полната Месечина во знакот Бик и во полето на заработка носи период на финансиски отежнувања и борби за парична стабилност. Денес очекувајте напнатости и недоразбирања во сите видови договори. Емотивниот партнер е напнат, не ја провоцирајте другата страна.
БИК
Полната Месечина е во вашиот знак и пред вас е период на големи промени во емотивните и деловните партнерства. Денес водете сметка во комуникацијата со оние кои ви се било деловно, било емотивно важни. Не сфаќајте сè како напад врз себе.
БЛИЗНАЦИ
Полната Месечина во знакот Бик се случува во вашето поле на изолација, тајни, стравови и во наредниот период пред себе ќе имате доста предизвици во повеќе животни сегменти. Ден кој е малку ментално напорен за вас. Неусогласеност со саканата личност.
РАК
Полната Месечина во знакот Бик е во вашето поле на добри шанси, пријатели, социјални конекции и врски и ви носи период во кој многу луѓе околу вас ќе го покажат своето вистинско лице. Некој денес може да се обиде да ја обнови комуникацијата со вас, но тешко дека ќе прифатите.
ЛАВ
Полната Месечина во знакот Бик се случува во вашето поле на кариера, позиција, статус и означува период на предизвици и во работата, но и во семејниот сектор. Денес неочекувано позитивен разговор со некој кој го почитувате или го сметате за авторитет.
ДЕВИЦА
Полната Месечина во знакот Бик се случува во полето кое се врзува за патувања, образование, странство и ве воведува во период во кој своите планови ќе мора да ги коригирате. Денес добивате вести кои во прв момент баш и нема да ви се допаднат.
ВАГА
Полната Месечина во знакот Бик во вашето поле на туѓи пари, даноци, кризи, наплата на побарувања означува период во кој ќе мора да бидете поодговорни кон парите. Во текот на денот ви следува разговор во кој ќе доминирате и ќе успеете да се изборите за она што го сакате.
ШКОРПИЈА
Полната Месечина во знакот Бик се случува во вашето поле на деловни и емотивни партнерства и означува период на големи промени во деловните и љубовните односи. Вие денес ќе го кажете она што го имате, ве прашале или не – било на соработниците, било на партнерот.
СТРЕЛЕЦ
Полната Месечина во знакот Бик во вашето поле на деловното секојдневие, навики и здравје означува период на напорни деловни обврски и потреба повеќе да се посветите на состојбата на својот дух и тело. Денес имате потешкотии во комуникацијата со партнерот.
ЈАРЕЦ
Полната Месечина во знакот Бик во вашето поле на забава, деца, провод, љубов означува големи промени во овие сектори. Во текот на овој ден ќе слушнете вести кои ќе ве израдуваат, па дури и ако сте свесни дека она што го сакате нема да дојде лесно ниту брзо.
ВОДОЛИЈА
Полната Месечина во знакот Бик во вашето поле на домот, приватните бизниси, завршетоците означува период кој носи потреба повеќе да се посветите и на семејството, но и на работата. Денес ви следат разговори во кои ќе доминирате. Емотивно сте незадоволни.
РИБИ
Полната Месечина во знакот Бик во вашето поле на движење, кратки патувања, комуникација, договори означува период на интензивни случувања, но и напната комуникација. Иако денешниот ден ќе биде напорен за вас поради големиот број обврски и случувања, ќе уживате во него.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден







