во ,

Дневен хороскоп: овенот е мрачен, а близнаците цветаат во љубовта

Дознајте дали на вашиот знак дневниот хороскоп ќе му донесе многу среќа.

Астролог Олга Савиќ

За сите храбри борци

ОВЕН

Во овој ден влегувате прилично нерасположени и во недоумица како ќе се одвиваат некои ситуации кои ви се важни. Можно е да ви следат и некои трошоци околу куќата или полоши односи со домашните. Емотивно – и вие и партнерот можете да се повлечете во себе.

БИК

Лошата комуникација со колегите или со некој од пријателите може накратко да ве онерасположи. Доколку договарате средба – можно е да дојде до доцнење или одложување. Со саканата личност ќе имате добра комуникација и убави моменти.

БЛИЗНАЦИ

Колку и во некои моменти ова да е напорен ден, за вас е убав и вие ќе поминете низ него во добро расположение кое ништо не може да ви го расипе. Особено ви се насмевнуваат некои фини ситуации во емотивниот сегмент. Можни се и нови познанства.

РАК

Нетрпеливоста и брзањето можат да ве воведат во грешки во работата. Доколку не сакате да трошите време потоа за нивно исправање, фокусирајте се на она што го работите. Од некоја причина сте лути на партнерот и само чекате момент сето тоа да го „истресете“ врз него.

ЛАВ

Можност за финансиска загуба или за загриженост околу парите. Дали се во прашање трошоци или ненаплатени побарувања – во секој случај, денес парите се во фокусот. Доколку очекувате поддршка – можно е да останете со празни раце. Емотивно – проблем во комуникацијата.

ДЕВИЦА

Ден кој може да донесе несклад, како во деловниот сектор, така и во семејните односи и емотивните партнерства. Ќе морате многу добро да балансирате и да се потрудите за да ги завршите успешно сите ситуации кои ќе дојдат на дневен ред.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Циклон носи „лудо“ време: подгответе се за јужен ветер од 80 км/ч и многу дожд

Трудничката Милица Тодоровиќ во народна носија, снимката од свадбата е вистински хит