во ,

„Докторот“ од старата тојота: учел како се зголемува пенис на интернет

Полицијата уапсила 51-годишен маж кој се претставувал како лекар и изведувал зафати за зголемување на пенис директно од – автомобил.

Питаја Молин ги нудел своите услуги на мажи ширум Бангкок и околните провинции, а „ординацијата“ ја поставил во стара „Тојота Корола“ од 1990-тите.

За сите храбри борци

Зафатите кои Молин ги рекламирал преку TikTok вклучувале зголемување на пенис, обрежување и вградување бисери во кожата (pearling), со загарантирана дискреција.

Клиентите се пожалиле

Сепак, низа поплаки од клиенти кои биле шокирани од условите во кои се изведувале третманите, довеле до полициска истрага. Во координирана акција, Молин бил фатен на 18 октомври, додека изведувал зафат во автомобилот паркиран на улица, пренесува Daily Mail.

Гледал снимки на интернет

Полицијата во возилото пронашла 189 различни видови бисери, анестезија, хируршки ножеви, игли и друга медицинска опрема – користена во нехигиенски и небезбедни услови. За време на испитувањето, Молин признал дека нема медицинска обука и дека сè научил гледајќи снимки на социјалните мрежи. „Се заинтересирав за оваа работа, па почнав да учам и да го развивам тоа како дополнителен извор на приход. Со ова се занимавам околу една година“, наводно рекол тој.

 

Повеќе од само измама – ризик по јавното здравје

За вградување бисери наплаќал околу 23 евра, додека за зголемување на пенисот со инјекции барал и до 229 евра. Полицијата поднела кривична пријава против него за вршење лекарска пракса без дозвола, што е казниво со затвор до три години. Властите апелирале дека ваквите зафати носат огромен ризик од инфекции и трајна дисфункција.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Мислеше дека е слатка фотка со момчето, па ја забележа морничавата сенка

Купил „нови“ панталони на Амазон, во џебот нашол доказ дека веќе биле на Исланд