во , , ,

Доктор, политичар, дете и свештеник патуваат со авион. Наеднаш, авионот почнува да се тресе и да паѓа…

Доктор, политичар, дете и свештеник патуваат со авион. Наеднаш, авионот почнува да се тресе и да паѓа.

И покрај сите напори на пилотот, авионот не може да се спаси. Најпосле, пилотот зема еден падобран, им се развикува на патниците дека мораат да скокнат од авионот и се фрла.

Реклама

За жал, останале уште само три падобрани. Докторот зграпчил еден, велејќи:

„Јас сум доктор, спасувам животи и затоа морам да преживеам“, па се фрлил и тој од авионот.

Потоа политичарот рекол:

„Јас сум политичар, а политичарите се најумните луѓе на светот. Заслужувам да живеам.“ И тој зграпчил еден падобран и се фрлил.

Свештеникот го погледнал детето и му рекол:

„Синко, живеев долго и исполнето. Ти си млад и целиот живот е пред тебе. Земи го последниот падобран и нека Бог биде со тебе“.

Момчето му го вратило падобранот и му рекло:

„Не грижете се, оче, најумниот човек на светот штотуку скокна со мојот ранец.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Некој македонски слон сакал илегално да ја премине грчката граница, ама не знаел како…

Во Битола на паркинг, мандак вози во рикверц и удира чоек…