
Лука Дончиќ претходната ноќ испиша историја, станувајќи првиот кошаркар во историјата на НБА лигата со 40+ поени, 10+ скокови и 5+ асистенции на првите два меча во сезоната.
Лос Анџелес Лејкерс ги поразија Минесота Тимбервулвс со 128-110 и го запишаа првиот триумф во втората сезона, а Словенецот имаше неверојатна партија со 49 поени, 11 скокови и осум асистенции. Леброн Џејмс не ни играше, а не му беше ни потребен.
Сепак, медиумите веднаш забележаа дека за Лука и тимот навивала и една од „најжешките“ девојки во САД – 26-годишната пејачка Медисон Бир, што сугерира дека Словенецот бил посебно мотивиран.

Која е убавицата од првиот ред?
Ѕвездата на НФЛ и квотербек на Лос Анџелес Чарџерс, Џастин Херберт, присуствувал на натпреварот во петокот, седејќи покрај теренот со својата девојка, споменатата Медисон Бир.
Парот првпат беше поврзуван во август, а јавно ја потврдија врската во октомври. Медисон Бир, покрај со пеење, се занимава и со пишување текстови и продукција, а двапати била номинирана и за Греми. Таа често привлекува внимание со својот изглед и со контроверзните настапи.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден







