во , ,

Еден ден некој чукнал на вратата и кога отворила пред вратата имало многу и секаква храна…

Една жена била вдовица и многу сиромашна, ама секој ден се молела на Господ да и ја наполни оставата со секаква храна.

Еден ден некој чукнал на вратата и кога отворила пред вратата имало многу и секаква храна.

Реклама

Таа почнала на глас да му се заблагодарува на Господ со зборовите – Господ Бог го стори тоа што го барав од него!

Одеднаш од блиските грмушки рипнал комшијата и и рекол: Не Господ туку јас направив онаа што ти го бараше од Господ. Јас сум атеиста, те слушав секој ден како се молеше, ама не тој туку јас, јас ја купив храната и ти ја донесов. Господ не постои!

Вдовицата пак упорно повторувала Господ го направи тоа што го барав!

Комшијата уште поналутено викал, не тој туку јас, јас отидов со колата во продавница и купив со свои пари храна и јас ти ја донесов пред врата, а ти сепак му благодариш и го величаш Господ. Тој не постои!

Жената пак упорно си кажувала Господ направи се, тој ми ја наполни оставата со храна па дури и го натера ѓаволот да плати!


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Фато, морам да ти кажам нешто пред да умрам…

Ти, ти тамо назад што дираш, кажи што знаеш за француската револуција?