
Во најновата ескалација на реториката меѓу Вашингтон и Техеран, иранските власти му порачаа на Трамп дека САД треба да го признаат поразот, наместо да кројат планови за присвојување на стратешки важниот воден пат.
Трамп призна прекумерна употреба на војската
-
Петок
699 ден
524.25 ден
Од друга страна, американскиот претседател во своето обраќање призна дека ја користел американската војска „малку повеќе отколку што сакал“. Сепак, тој и покрај тоа, повторно истакна дека воената операција на САД во регионот се одвива добро.
Медијаторите без конкретен резултат
Истовремено, Исламската Република јасно стави до знаење дека сè уште нема донесено конечна одлука за тоа дали ќе продолжи со разговорите со Вашингтон. Според властите во Техеран, пораките кои повремено се испраќаат преку меѓународните медијатори – Пакистан и Катар, во никој случај не претставуваат официјални преговори за деескалација на конфликтот.


