
Поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев, со остар тон порача дека веќе пет години трпи „континуирани лаги и клевети“ од ВМРО-ДПМНЕ и најави дека ќе оди до крај со тужба ако не добие јавно извинување.
Откако поднесе оставка и се повлече од политиката, Заев вели дека речиси секој ден е цел на напади од раководството, портпаролите, па и медиумите блиски до ВМРО-ДПМНЕ. Во објава на Фејсбук, тој директно бара извинување од пратеникот Петрушевски и од партијата, обвинувајќи дека неговото име намерно било злоупотребено во „режирана драма“ поврзана со конфискација на десетици тони медицински канабис, поради наводно несоодветно складирање.
„Доста е“: Заев се заканува со правна битка
-
Балтазар
699 ден
524.25 ден
Во пораката, Заев тврди дека е „безобразна лага“ дека има каква било поврзаност со случаите со канабис кои се пласираат во јавноста, како и дека се јавувал во Царинската управа. Според него, подеднакво вознемирувачки се и другите наративи што, како што наведува, се повторуваат со месеци: дека градел облакодери од 40 ката во Дубаи, дека вршел притисок за купување на болницата на д-р Жан Митрев, како и дека се мешал во работата на правосудни и други институции.
Рокот тече, тужбата е следна
Поранешниот лидер на СДСМ нагласува дека пет години трпи навреди и дека досега избегнувал тужби, бидејќи, како што вели, се борел за слобода на говорот. Но оваа патека, според него, завршува тука: ако Петрушевски и ВМРО-ДПМНЕ не се извинат во законски предвидениот рок, тој најавува тужба и борба со сите правни средства за да ја симне „оваа дамка“ од своето име.


