
„ЗАМИНУВАМ ОД РЕАЛ“ Винисиус го напушти теренот со шокантни зборови
плусинфо
~2 minutes
„ЗАМИНУВАМ ОД РЕАЛ“ Винисиус го напушти теренот со шокантни зборови
Бразилецот го напуштил теренот со гнев и ја шокирал клупата на Реал Мадрид.
Фото: Принтскрин
Напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, предизвика вистинска драма на натпреварот против Барселона, откако бурно реагираше на одлуката на тренерот Чаби Алонсо да го замени во 71-та минута од мечот.
Очевидци од стадионот сведочат дека Винисиус, видно револтиран, додека одеше кон тунелот, изговорил:
„Заминувам од тимот… Заминувам, подобро јас да одам.“
Бразилецот бил изнервиран уште во моментот кога го забележал својот број на таблата за замена кај четвртиот судија.
Можеби ќе ве интересира
Според шпанските медиуми, ситуацијата се пренела и во соблекувалната, каде што реагирал тренерот на голманите, Луис Љопис, кој успеал да го смири младиот фудбалер. По неколку минути, Винисиус се вратил на клупата и го проследил остатокот од натпреварот со соиграчите.
По мечот, тренерот Чаби Алонсо одлучи да не ја драматизира ситуацијата, истакнувајќи дека вакви работи се случуваат во фудбалот.
– Сето тоа ќе биде решено внатрешно во клубот. Такви емоции се дел од играта – рече Алонсо.
И покрај инцидентот, Реал Мадрид успеа да слави со 2:1 против Барселона и ја зголеми предноста на табелата на пет бодови пред големиот ривал. Победата дојде како потврда на одличната форма на „кралскиот клуб“, кој продолжува да го предводи првенството.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден







