
Според изјавата на Зеленски објавена преку платформата Телеграм, украинските сили извршиле успешен напад и врз руски нафтен објект во балтичкото пристаниште Уст-Луга, каде што според неговите зборови е предизвикана материјална штета.
Руските власти потврдија напад
-
Балтазар
699 ден
524.25 ден
Локалните власти во Самара потврдија дека Украина извршила напад врз индустриската инфраструктура во Самарската област, која се наоѓа во југозападна Русија. Градоначалникот на Самара, Иван Носов, излезе со официјално соопштение во кое тврди дека противвоздушната одбрана одбила „огромен напад“.
„Индустриските објекти претрпеа ограничена штета, а противвоздушната одбрана успешно интервенираше,“ изјави Носов, без да открива дополнителни детали за точната локација на погодениот објект.
Континуирана кампања на Киев
Самарската област и претходно беше мета на украински напади со дронови. Овие напади беа насочени пред сè врз рафинеријата за нафта во градот Сизран, како дел од пошироката и континуирана кампања на Киев за гаѓање и ослабување на руската енергетска и воена инфраструктура низ целата територија на Руската Федерација.


