во , ,

Зошто Македонците не патуваат низ својата земја, додека странците доаѓаат во рекорден број

Бројот на странски туристи во Македонија расте, а Скопје и Охрид остануваат нивни омилени дестинации.

Последните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека бројот на туристи во мај 2025 година изнесувал 130.739. Од нив, дури 77,6 проценти биле странски посетители, додека само 22,4 отсто биле домашни. Слична е сликата и кај ноќевањата, каде 71,2 проценти се остварени од странци.

Најголем дел од туристите престојувале во Скопскиот и во Југозападниот Регион.

Супер Летен Попуст

Турските туристи доминираат

Статистиката е јасна кога станува збор за тоа кој најмногу ја посетува нашата земја. Убедливо на првото место се туристите од Турција, со импресивни 28.338 посетители само во мај.

Далеку зад нив се туристите од Германија со 15.166 лица, потоа од Франција со 6.059 и од соседна Србија со 5.942 посетители.

Странците растат, домашните стагнираат

Во периодот јануари – мај 2025 година, во споредба со истиот период лани, вкупниот број туристи е зголемен за 16,3 отсто. Овој раст се должи исклучиво на странските гости, чиј број е зголемен за дури 23,6 отсто.

Загрижувачки е што кај домашните туристи во истиот период има намалување од 1 процент, тренд кој се забележува и кај бројот на ноќевања.

Иако вкупните бројки покажуваат позитивен тренд и носат економски придобивки, тие кријат една подлабока и посложена реалност. Очигледниот бум на странскиот туризам е доказ за успешната промоција на земјата во странство, но истовремената стагнација кај домашните гости е аларм кој укажува на можни економски притисоци или недостиг на соодветни понуди за локалното население.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Чудото се случи, по борбата со тешката болест Поранешната Мис Универзум Оливија Калпо стана мајка

Протекоа детали за iPhone 17: Дали конечно ќе се збогуваме со Dynamic Island каков што го знаеме