
Феноменот на пеењето на птиците во зори е проучен во најнова студија, при што истражувачите ги изложиле птиците на лабораториски услови за да ја разберат оваа појава.
Во добро осветлена лабораторија, тие утврдиле дека зебрастите зеби (вид птици) спонтано и гласно пеат, додека во целосен мрак не се огласиле ниту еднаш, пишува „ScienceAlert“.
Што се случило кога научниците го одложиле „изгрејсонцето“?
Кога научниците вештачки го одложиле „изгрејсонцето“ за три часа (со подоцнежно палење на светлата), зебите почнувале да пеат погласно и порано (во однос на палењето на светлото), како нетрпеливо да чекаат да започне денот. Одложувањето на светлината не влијаело на тоа птиците да продолжат да спијат; тие се буделе во вообичаеното време и активно се движеле во мракот.
Повеќе од само светлина – нетрпеливо го чекале денот
Дека нетрпеливо ја очекуваат светлината, потврдил и фактот што им било понудено сами да активираат прекинувач кој би го вклучил светлото на 10 секунди. Зебите често го активирале ова светло кога утрото „доцнело“, што не било случај кога светлината доаѓала во вообичаеното време.
Тимот научници заклучил дека птиците се будат долго пред зората, веројатно поради хормонални механизми, а нивната мотивација да пеат се зголемува додека темнината го потиснува нивното спонтано пеење. Оваа интензивна утринска песна можеби им помага да ги загреат гласните жици по ноќниот одмор и да ги подобрат шансите за репродуктивен успех во текот на денот.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден







