
Додека вештачката интелигенција ја зголемува побарувачката за огромен простор за складирање и обработка на податоци, расте интересирањето за дата-центрите во вселената.
Иако некои стартап-компании веќе почнаа да се занимаваат со тој проблем, идејата го привлече и вниманието на технолошките милијардери. Беше откриено дека поранешниот директор на Гугл, Ерик Шмит, купил компанија за вселенска технологија токму поради ова, а и Џеф Безос прогнозираше изградба на вселенски дата-центри. Сега, во целата приказна се вклучи и Илон Маск, чија компанија SpaceX веќе поседува и управува со далеку најголемата вселенска инфраструктура во светот.
Откако порталот „Ars Technica“ објави текст за можностите за автономна изградба на големи дата-центри во вселената, Маск на мрежата X одговорил дека за таа цел би можеле да се искористат сателитите Starlink. „Доволно е само да се зголемат Starlink V3 сателитите… SpaceX ќе го направи тоа“, напишал тој.

Повеќе од само идеја – неограничена соларна енергија
Интересот на Маск драстично го подига профилот на оваа млада индустрија. Заговорниците на идејата тврдат дека предностите се очигледни: неограничена и бесплатна енергија од Сонцето и отсуство на еколошките последици кои ги носи изградбата на центри на Земјата (каде отпорот на локалните заедници сè повеќе расте). Критичарите, сепак, предупредуваат дека се работи за економски неисплатлива идеја.
Со оглед на тоа што Starlink веќе сруши многу предрасуди, тешко е да се игнорира визијата на Маск истата архитектура да се примени и на дата-центрите.

Дали Starlink веќе го може тоа?
Основната функција на дата-центар е да складира, обработува и пренесува податоци. Сателитите веќе го прават сето тоа. Во последниве години, компјутерите на сателитите стануваат сè понапредни, па дата-центрите во вселената би можеле да бидат следниот чекор во еволуцијата.
Критичарите истакнуваат дека за тоа ќе бидат потребни огромни сателити, но новите Starlink V3 сателити на SpaceX веќе претставуваат технолошки скок. Се очекува новата верзија да го зголеми капацитетот за пренос на податоци дури десет пати (до 1 Tbps). За споредба, на компанијата Viasat ѝ беа потребни речиси една деценија и стотици милиони долари за да направи еден таков сателит. SpaceX планира да лансира десетици Starlink V3 сателити со секој лет на Starship, кој би можел да започне веќе во 2026 година. „Ништо во остатокот од индустријата не може да се приближи до тоа ниво на капацитет“, велат експертите.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден







