Додека многумина во пензија бараат мир и одмор, Ен Анџелети од малото место Крескил веќе повеќе од половина век секое утро ги отвора вратите на својата златара.
На 101-годишна возраст, таа сè уште стои зад пултот, со истата насмевка и страст со која почнала да работи во далечната 1964 година. За Ен, работата не е обврска, туку начин на живот. Познатата локална златарка, жена со неисцрпна енергија и остар дух, стана симбол на виталноста и љубовта кон животот. Нејзините редовни клиенти доаѓаат не само поради накитот, туку и поради неа, поради топлината и мудроста што зрачи од секоја нејзина реченица.
Од коњска запрега до сопствен бизнис
Во разговор за ABC7 NY, Ен открила дека одговорноста ја научила многу рано. Го напуштила училиштето за да му помогне на семејството во мала продавница во Бруклин, додека нејзиниот татко разнесувал мраз со коњска запрега – во времето пред фрижидерите. Кога нејзиниот сопруг отишол во Втората светска војна, Ен ја презела улогата на хранител на семејството и се вработила како келнерка.
Тогаш, вели таа, првпат почувствувала што значи самостојност и сила на жената. „Открив колку е убаво кога знаеш дека можеш сè сама. Тоа чувство никогаш не ме напушти“, се сеќава таа.
„Да одам во пензија, би умрела“
Неколку децении подоцна, во 1964 година, ја отворила својата продавница – „Curiosity Jewelry“, која денес е семеен бизнис. „Поминував со автомобилот и видов натпис ‘за издавање’. Киријата беше 85 долари месечно. Немав поим во што се впуштам. Но, срцето ми рече: направи го тоа“, вели таа низ смеа.
Иако продавницата е отворена пет дена во неделата, Ен доаѓа и шестиот – не затоа што мора, туку затоа што не може поинаку.
„Да одам во пензија, би умрела“, признава таа без трошка двоумење.
На прашањето во што е тајната на нејзината долговечност, таа одговара едноставно: „Стани, истуширај се, јади нешто, грижи се за себе. Вежбај. Прави го она што го сакаш. Ако не ти се допаѓа, смени го. Нема голема филозофија“.
Повеќе од само работа – лекција за животот
Приказната на Ен Анџелети инспирираше илјадници луѓе. Таа е жив доказ дека работата и страста се најдобриот лек против староста. Додека многумина ги бројат деновите до пензија, Ен секое утро ги брои – новите можности за живот.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден