
Костадинов: СДСМ не е згасната, но мора да помине низ ‘сериозен филтер’ и реформи
Поранешниот градоначалник на Струмица и висок функционер на СДСМ, Костадин Костадинов, се огласи на социјалните мрежи по тешкиот пораз на партијата на вториот круг од локалните избори. Тој отворено го призна поразот, но ја отфрли тезата дека партијата е целосно уништена, повикувајќи на длабоки и тешки промени.
„Да, СДСМ изгуби. Честитки за победата на ВМРО-ДПМНЕ и секако за демократскиот капацитет на нацијата, секаде но особено во Кичево“, напиша Костадинов, но веднаш додаде: „Драги мои, не се согласувам со тезата дека СДСМ е целосно згасната партија. Напротив, СДСМ може и мора да помине низ сериозен филтер, реформи и ребрендирање.“
Целта не е власт, туку опстанок како втора партија
Она што е најзначајно во неговата објава е промената на фокусот и признанието за новата реалност во опозицискиот блок. Тој смета дека партијата мора да се репозиционира пред воопшто да размислува за враќање на власт.
„Нашиот фокус не треба и не може да биде исклучиво, брзо менување на власта. Нашиот фокус мора да биде зајакнување на улогата на СДСМ во рамките на опозицијата, СДСМ отворена за сите, СДСМ платформа во која ќе се најдат што поголем број на помали групи, па дури потоа да стреми кон нешто повеќе“, посочува Костадинов.
Неговата изјава дека партијата треба да се ребрендира за да „остане втората најсилна партија во Македонија“ е јасен сигнал за тоа колку сериозно го сфаќаат растот на Левица, која им зеде значаен дел од гласачкото тело. Костадинов на крајот повика на трезвеност и работа: „Време е за длабински анализи, тешки промени, тешки одлуки, дебати и многу, многу работа“.
- 
La Linea v1
699 ден
559.20 ден - 
Петок
699 ден
559.20 ден - 
La Linea v3
699 ден
559.20 ден - 
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден - 
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден - 
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден 







