САД и Украина потпишаа договор кој предвидува економска соработка, пристап до природни ресурси и обнова на земјата – со седум клучни точки што ги дефинираат идните односи.
1. Украина нема да враќа долг кон САД
Иако претседателот Трамп бараше отплата на 350 милијарди долари, во договорот не постои обврска за враќање, потврди премиерот Шмигаљ. САД, според Трамп, ќе добијат повеќе „во теорија“ преку економски бенефити.
2. Поостар американски тон кон Русија
САД ја нарекуваат руската акција „тотална инвазија“, а санкционирани ќе бидат сите што ја поддржуваат. Киев го поздрави новиот, посилен став на Вашингтон.
3. Договорот опфаќа и проекти со нафта и гас
Покрај минералите, договорот предвидува и соработка во нафтени и гасни проекти. Сопственоста останува украинска, но пристапот е заеднички.
4. Европските интеграции не се загрозени
Во договорот стои дека САД го поддржуваат влезот на Украина во ЕУ. Ако условите се менуваат поради европски стандарди, двете страни ќе преговараат во „добра волја“.
5. Добивките ќе се реинвестираат во Украина 10 години
Сите приходи од инвестициите ќе се вложуваат назад во украинската економија во првата деценија. Потоа, профитот ќе се дели.
6. Американската воена помош повторно во игра
Соговорот предвидува нова воена поддршка, вклучително и ПВО системи. Ова е промена на претходната политика на администрацијата на Трамп.
7. САД можат да се повлечат во секое време
Нема цврсти безбедносни гаранции за Украина. Помошта е врзана исклучиво за економскиот аспект, што остава простор за неизвесност.
Зеленски може да слави
Без отплата на долг, со инвестиции, европска поддршка и поостар став кон Москва – Украина добива поволни услови во споредба со претходните понуди.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден